Carmen Boulogne само во 5 примероци по цена од 2 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Откако на саемот во Женева во 2019 година „воскресна“, Hispano Suiza на саемот за автомобили во Минхен ја претстави Boulogne верзијата на моделот Carmen.

Се работи за егзотичен електричен автомобили кој го придвижуваат четири електромотри кои заедно продуцираат 1.114 КС и 1.600 Nm обртни моменти. До стотка забрзува за 2,6 секунди, но доаѓа со фабричко ограничување на максималната брзина на 290 км/ч.

Од овој модел во Шпанија ќе се произведат само пет примероци, а цената на секој од нив изнесува 2 милиони американски долари.

Hispano Suiza Carmen Boulogne

Инаку овој производител е основан на 14 јуни 1904 година во шпанскиот град Барселона. До втората Светска војна, овој производител е најголем во Шпанија, а во меѓувреме отвора фабрика и во Аргентина. Во периодот помеѓу 1918 и 1936 година, Rolls-Royce користи бројни патенти и тогашни иновации развиени од Hispano-Suiza. Сепак поради финансиски проблеми овој производител згаснува во 1968 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK