Проблем со сопирачките кај скоро милион Mercedes возила ширум светот

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes најави сервисна кампања која влијае на речиси еден милион автомобили ширум светот. Проблемот што го открија од германската марка е поврзан со сопирачките и може да доведе до дефект на целиот систем и до несреќа.

Германските власти известуваат дека засегнатите модели биле произведени помеѓу 2004 и 2015 година и ги вклучуваат моделите ML, GL и R-Klasse.

Акцијата засега 993.407 автомобили во кои може да се најде проблем со сопирачките и неговата заптивка, која може да ја задржи влагата и да предизвика корозија. Ова може да доведе до дефект на системот, што го зголемува ризикот од несреќа.

Mercedes ќе контактира со сопствениците на автомобили кои спаѓаат во оваа листа. Ќе добијат потполно бесплатен сервисен преглед и доколку се констатира проблем компонентата ќе биде заменета на сметка на компанијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK