Полицијата продолжува да контролира – ама за ова нема веќе да казнува

ОБЈАВЕНО НА:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29, осум санкции за возење без возачка дозвола, шест за непрописно престигнување и обиколување.

Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас и 46 за непрописно паркирани возила.

Иако полицијата ги засилува контролите, сепак можете да бидете спокојни бидејќи повеќе немате потреба да поседувате во возилото зимска опрема. Обврската за поседување на опрема заврши на 15 март. Сепак доколку временските прилики тоа го бараат ако патувате ќе морате повторно да имате со себе зимска опрема.

Сега веќе можете да ги смените и зимските гуми кои ги имавте на автомобилот.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK