Со овој електричен велосипед можете да се возите 360 км. (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Flluid, основана од Ерик Буел, поранешниот дизајнер на Harley-Davidson, претстави два нови електрични велосипеди со ознаки Flluid-2 и Flluid-3. Нивната заедничка карактеристична е автономен домет.

Опремени се со електричен мотор Valeo Cyclee од 750 W со погон на јаглеродниот Gates ремен и вртежен момент од 130 Нм. Префрлањето помеѓу седумте брзини се врши автоматски, но по желба, корисникот може да го направи тоа и рачно.

Моделот Flluid-2 има пар заменливи батерии со капацитет од 1 kWh, кои обезбедуваат вкупен опсег до 362 км. Моделот Flluid-3 што е подостапен, е опремен со само една батерија (автономија до 177 km). За 4 часа полначот ја полни батеријата до 80% , а 100% за шест часа.

Рамката на новите модели е изработена од алуминиумска легура, тркалата се со големина од 27,5 инчи, а гумите се Pirelli Angel GT Urban. Велосипедите имаат и систем за сопирање Tektro, предно светло Roxim Z4E Pro со 900 лумени, задно стоп светло и можност за прилагодување на висината на седиштето според висината на корисникот (од 1,55 до 1,95 м.).

Преку мобилната апликација можете да ја следите локацијата на велосипедот, да ја анализирате неговата техничка состојба и да добивате пораки за обиди за неовластен пристап.
Flluid-2 и Flluid-3 се достапни за претходна нарачка за 3.999 и 3.699 долари, соодветно.
Почетокот на испораката на електричните велосипеди ќе биде објавен подоцна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK