Давидовски со бодови – Џиролами со подиум

ОБЈАВЕНО НА:

Виктор Давидовски и на втората трка од TCR Europe првенството освои бодови за тимот на Monlau Motor, a неговиот клупски колега Франко Џиролами беше втор на целта, но го задржа лидерството во генерален пласман.

Нашиот возач на втората трка стартуваше од вториот ред, како третопласиран. Имаше лош старт и веднаш падна неколку места подоле, во мешаницата на патеката. Додека Давдовски се мачеше да се искачи неко еместо погоре, Џиролами брзо за само четири кругови стигна на третата позиција.

Се до 14 круг беше трет, а потоа изби место погоре и како второпласиран стигна на целта. Давидовски беше во борба за 7-8 место, а на крај сепак остана како деветти.

Со новите бодови Давидовски остана осмопласиран во генерален пласман. Следната трка се вози на патеката Золдер на 18 и 19 мај.

Генерален пласман:
Џиролами – 85 бода
Комте – 80
Монтенегро – 58
Балдан – 55
Ф.Фернандез – 51
Андерсон 36
Борковиќ – 29
Давидовски – 28
Лосонци – 27
Сканфандл – 27

Следете не и на:

24AUTO NETWORK