Петрушевски ја почна сезоната со пехар во Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

По неколку сезони учество на повеќемина Македонци на патеките како дел од TWingo Cup, оваа година „единствениот Мохиканец“ е Бојан Петрушевски. И веќе на првата трка возена во Италија, нашиот возач во конкуренција на 20 други возила Twingo успеа да се искачи на подиумот, освојувајќи го третото место.

Првата трка сезонава се возеше во Варано, а Петрушевски покажа дека има талент, но и возило со кое може да биде во самиот врв. Лани Петрушевски ја возеше својата прва „целосна сезона“ и беше шампион на Македонија, победувајќи на вкупно три трки. Годинава е сам претставник на Македонија.

На втората трка, Петрушевски од самиот почеток беше третопласиран и така заврши до крај, по девет извозени кругови, откако судиите решија предврема да ја прекинат трката поради инциенти на патеката. Победник на таа трка беше Матео Џанфрантини пред Лука Грм.

 

Добар резултат имаше Петрушевски и на првата трка, освојувајќи го петтото место , и го имаше второо најбрзо време по круг на таа патека. Победник на таа трка беше Лука Грм пред Андреа Басо Мате Џанфрантини.

Сезонава се планирани седум тркачки викенди, со по две трки. Следната е за две седмици, во Унгарија на новата патекат Балатонпарк.
Потоа треба да с евози повторно на Варано, па Мост, Словакиаринг, Муџело и Мисано.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK