Колку се, толку се – мораат во сервис: BMW најави поправка за само 50 возила

ОБЈАВЕНО НА:

BMW објави сервисно повлекување кое влијае на само 50 возила, вклучувајќи 10 примероци од серијата 3 и 41 СУВ возило од моделите X3 и X4. Проблемот е што автомобилите вклучени во кампањата се произведени со рамки на предните седишта кои можеби не се правилно заварени на шините на седиштата.

Оние 10 возила од Серијата 3 што мораат на сервис се произведени помеѓу 2019 и 2021. А моделите 330i, 330i xDrive и M340i xDrive се на списокот на засегнати модели. Вклучени се и 35 X3 произведени во моделските години 2020 и 2021 година и пет возила X4 од 2021 година, вклучително и еден X4 M.

Германската компанија објаснува дека предните седишта поставени на засегнатите автомобили „можеби не биле произведени од под-добавувачот според спецификациите“. Рамката на седиштето (делот каде што се прицврстени пружините и пената) може да не е правилно заварена на шините на седиштето (делот што го прицврстува седиштето на подот).

Ова го зголемува ризикот од повреда при несреќа, бидејќи ударот може да предизвика движење на совозачите. BMW забележува дека проблемот може да влијае на двете предни седишта и дека бучавата или вибрациите се симптом на овој проблем.

Засега нема извештаи за несреќи или повреди поврзани со проблемот, а за среќа решението звучи релативно едноставно. Сопствениците на засегнатите возила ќе треба да го донесат возилото кај овластен продавач на BMW за техничар да ги замени рамката на седиштето и потпирачот за грб. Проблемот ќе се реши бесплатно под гаранција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK