ВОЗЕВМЕ FORD ECOSPORT 1.0 ECOBOOST 125 KS FWD: Мало техничарче – голем штедливец

ОБЈАВЕНО НА:

СУВ сегментот го држи приматот на најпродаван на пазарот и тоа со години. Сите бараат, мало, добро, привлечно, ненаметлив дизјан, штедливо и пред се економично возило. EcoSport е модел кој Ford го продава на сите континенти и може да вклопи во бараните критериуми. Кај нас можеби и не е многу познато, но има адути со кои сигурно ќе ве натера да размислите зошто вреди да се купи.

Со последниот редизајн во 2018 година освежен е обликот, апдејтирана опремата а понудена е и нова палета на еколошки мотори. Ford го нуди Ecosport неколку години во Европа, а со освежувањето, станува модел што сигурно ќе им се допадне на многумина, особено ако барате СУВ првенствено за градско возење, и понекогаш сакате да излеете и надвор од асфалтот.

Новото издание на EcoSport бара клиенти, меѓу се побројната и опасна конкуренција во сегментот на мали теренци и кросовери, со комбинација на докажани вредности кои вклучуваат докажана моторизација на EcoBoost, солидна опрема и перформанси кои не можат да останат незабележани на патот. Специфичните детали како необичните петти врати се неуспешни за некои, а за некои ќе привлечат внимание.

Високо седење – хармонични димeнзии

Ford направи јасен чекор напред во поглед на дизајнот во споредба со неговиот претходник. Со новата, препознатлива решетка на ладилникот и различните браници и светлосни склопови на предната и задната страна денес, тој открива дека заедно со Kuga и Edge ова е рамноправен член на SUV / кросоверот семејството на Ford.

Дури и со значителната висина (165 см. во пропорции на возило долго едвај 410 см.) успева да изгледа доволно хармонично за да им угоди на некои дизајнерски пребирлививци, а од друга страна треба да се напомене дека оваа мерка е реално една од неговите најсилни адути. Купувачите на теренци, мали или големи, едноставно ја сакаат висината или покачената положба зад воланот, и поради видливост и чувство на сигурност, а EcoSport ја решава оваа задача без грешка.

Кокпитот на многу начини наликува на решенијата што ги користи новата Fiesta, од обликот и големината на воланот, преку главните инструменти до модулите и прекинувачите за климатизација, но да се изедначат двата модели овде секако дека би било грешка. Имено, сличностите веројатно завршуваат побрзо отколку што беа забележани. Освен споменатата видливост, разликите се забележливи и во просторноста на патничката кабина, која благодарение на високата линија на покривот нуди исто толку простор за главата на задните како и на предните седишта. Самите материјали се многу подобри од порано, но тука има вистински простор за подобрување…

Ford Ecosport

Ecosport e посебен според багажникот

Багажникот е сè уште посебна приказна во EcoSport. Не според волуменот, кој се движи меѓу 356 и 1238 литри, ниту според тоа што неговата задна клупа за жал не се лизга, туку пред се според пристапот. Мини теренецот на Ford го задржа уникатниот начин на отворање на петтата врата на страна, а не нагоре, што е наследство од куќиштето на резервното тркало на оригиналот. На прв поглед, изгледа погодно и освежувачко, особено затоа што рачката е успешно скриена во правилното светлосно склопување.

Но, проблемите се откриваат при паркирање назад до ѕидот на гаражата, што е ситуација во која на EcoSport му треба повеќе простор за пристап до багажникот отколку на конкуренцијата. Покрај тоа, овие врати се тешки и не се лесни за ракување, особено не за понежниот пол, што веројатно е важна целна група за малите SUV / кросовер модели како што е EcoSport.

Бензин што влече и троши како дизел

Повеќепати наградениот EcoBoost (повеќе години по ред беше прогласен за мотор на годината во својата категорија), овде во верзија со 125 КС и комбиниран со 6-брзински мануелен менувач, нема потреба од посебен вовед. И покрај 3-цилиндричната конструкција, не звучи слабо, но убедливо, генерално е прилично тивок и елегантен, а таков впечаток остава и во самото возење. Со турбополнач и солидни 170 Nm вртежен момент, тој е ефикасен дури и при помали вртежи, што гарантира агилност и динамика во градот.

Добро, ако не и подобро, е и надвор од градот, на отворен пат и автопат, каде паметно пресметаниот менувач со видно подолги повисоки брзини придонесува за економичност. Во пракса, ова носи доста разновидна потрошувачка: од под 6 литри на 100 km на отворено. пат до , понекогаш над 8 во градот. Кај нас просекот заврши на околу 6,4 литри.

И бевме пријатно изненадени кога и после минати 400 км. стрелката на резервозарот за гориво беше на половина. Фабричката автономина според каталог е 813 км. во град, а на отворено 1.040 км., а ние минавме повеќе од 600 км. и остана у ште една третина од горивото. Сигурно дека ќе стигневме блиску до „иделаното“.

Кога имате потреба можете на нагорнина без проблем да забрзате, да престигнете и воопшто да н епочуствувате дека возите бензинец. Силата се пренесува на предните тркала, ама ако има потреба истата делумно минува и на задните, па нема а имате проблем да излезете од некоја „неволја“.

Идеално за град – се снаоѓа и на терен 

Можеби EcoSport губи поени во внатрешноста поради релативно малата ширина, но тоа му оди во прилог во градското возење. Висок е и благодарение на тоа има корист од добар преглед на состојбите во сообраќајот, а во комбинација со други надворешни мерки не е проблем да се „бутка“ на многу помали места отколку што на почетокот изгледа возможно. Меѓуоскиното растојание и кругот на вртење се релативно мали.

При напуштање на градот, останува удобноста на возењето со класичната комбинација на попречни рамења напред и полуцврсти оски назад. Управувачот нема сериозни забелешки, исто како и сопирачките: комбинацијата на диск и барабан за ваков автомобил се покажа како сосема доволна. Дополнително, со клиренс од 190 мм. спуштањето од патот на макадам или шумски пат за EcoSport е детска игра.

Едноставно, тоа е мало техничарче што е штедливо и пред се привлечно.

Tехнички податоци: 

Модел: Ford EcoSport 1 ЕcoBoost 125 ACTIVE FWD
Мотор: 999 sm3. 3 цилиндри
Моќност: 125 коњски сили / 6000 вртежи во минута
Вртежен момент: 170 Nm / 1400 – 5000 вртежи во минута
Менувач: Мануелен, 6 брзини
Забрзување 0-100 км/ч: 11 секунди
Максимална брзина: 180 километри на час
Должина: 4096 mm
Ширина: 2057 mm
Висина: 1713 mm
Тежина: 1450 килограми
Меѓуоскино Растојание: 2519 mm
Багажен Простор: 356 – 1238 литри
Потрошувачка: 5 – 6,4 литри на 100 километри (град, отврен пат, комбинирано)

 

ЗАКЛУЧОК:
Дизелот веќе не е во мода, а со познатиот EcoBoost мотор на Ford, овој мал „џип“ сигурно ќе ви „легне на срце“, бидејќи со ништо нема да познате дека под хаубата има 1 литарски мотор. Оние 125 КС кои се распоредени на сите тркала ќе ви овозможат одлично возење, и можност да излезете малку и надвор од асфалтот. Сигурно е дека сопругите и ќерките ќе го сакаат, зашто нуди прегледност, останување со трендот и пред се штедливост. Дури малку „коцкестиот“ изглед делува кросоверски. Малку троши – многу дава.

Цена: Почнувајќи од 17.600 евра за моделот 1.0 EcoBoost 100 KS M6 FWD.
Нашиот тест модел го имаше највисокото ниво на опрема ACTIVE и цена од 20.900 евра.

Повеќе информации за моделот – Ми-Да Гранд Моторс

* Ценовник и опрема:  https://fordcms.blob.core.windows.net/media/Macedonia/EcoSport/Ecosport%2001.01.2021.pdf

* Каталог и повеќе детали за можните опции:
https://fordcms.blob.core.windows.net/media/Macedonia/EcoSport/ECOS_MAIN_2017.75_V5_EDM_MK_EBRO_DP.PDF

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK