TEST: SEAT Leon FR 1.5 TSI DSG – Семеен спортист

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанците кои се дел од VW групацијата воведоа модел што има поефикасни мотори, извонредна динамичност и естетски детали со кои веднаш го привлекува вниманието. Веднаш по претставувањето ја освои наградата "Best Buy" на Autobest. Во изборот на Националното Жири за избор на Автомобил на годината во Македонија за 2021 година Seat Leon се наоѓа меѓу осумте финалисти. А има зошто освојува награди ...

текст/фото: Горан Антевски

Темперамент, ефикасност, динамичност и привлечност. Тоа се само дел од атрибутите со кои накратко може да се опише четвртата генерација на Seat Leon. Колку некој автомобил го „сака“ пазарот и е прифатен кај купувачите секогаш се гледа според бројот на продадени возила, според тоа колку генерации опстанал на пазарот, колку производителот вложува за негов развој и производство.

Низ годините Leon се избори за имиџ дека е помладиот брат на Golf, но помладиот секако е поубав, спортски настроен, а го задржал ДНК-то на семејството. Заедно со Golf, Audi A3, Octavia тоа е уште еден целосно нов модел направен на компактната MQB Evo платформа на германската групација.

На пазарот опстојува четвртата генерација на Leon, а фактот дека досега е продаден во над 2,2 милиони примероци, дека Seat сега вложил над 1,1 милијарди евра е доволен доказ за очекувањата и вербата што шпанскиот бренд ја има од Leon. Шпанците кои се дел од VW групацијата воведоа модел што има поефикасни мотори, извонредна динамичност и естетски детали со кои веднаш го привлекува вниманието. И што е важно, во сегментот на компактни автомобили што своевремено беше најпродаван. И се уште е, се разбира веднаш зад СУВ возилата. Но, компактните автомобили никогаш не излегуваат од мода.

А дека Leon е на вистинскиот пат покажува и податокот што веднаш по претставувањето ја освои наградата “Best Buy” на Autobest. Беше во конкуренција и на пошироката листа на европскиот избор за Автомобил на годината.
Дека Leon e сериозен кандидат да освои награда и во Македонија покажува и изборот на Националното Жири за избор на Автомобил на годината за 2021 година каде Seat Leon се наоѓа меѓу осумте финалисти.

Најстариот Избор во Македонија по 26. пат се одржува, а досега Seat Leon двапати беше избиран за Автомобил на годината во Македонија (2001 и 2013).

Самодоверба, елеганција, спортски карактер

Новата четврта генерација е дизајнирана и развиена за да се надоврзе на тој досегашен успех и да донесе повисоко ниво во однос на поврзувањето, ефикасноста, динамичноста и сигурноста. Новиот Leon ja обединува филозофијата на дизајн што е клучен за секој автомобил што излегува од производната лента на Seat, и зрачи со самодоверба, елеганција и спортски карактер.

Со доаѓањето на четвртата генерација на Leon, се укинува варзијатата со три врати, и ќе се нудат само верзиите со пет врати и караванската верзија. Ние oд Порше Македонија на тест ја добивме најсилната верзија со ознаката FR, бензински мотор со 150 КС, и ДСГ менувач. Вистинско уживање со оглед и на дополнителната опрема што ја нуди моделот. Едноставно, нема што нема.

Со должина од 4,38 м. Leon е за 9 см. подолг од Golf, и е еден од најдолгите во својата класа. Токму затоа изгледа маркатно, посебно предниот дел, релативно широк, низок со пресечена линија на ЛЕД светлата. Ако се споредува со претходникот, четвртата генерација е за 86 мм. подолг, за 16 мм. потесна, и за 3 мм. пониска Меѓуоскиното растојание е 2686 мм. што е за 50 мм. повеќе од порано. И тоа е добро за просторноста во внатрешноста.

Hola! 

Кога сме кај светлата на Leon, дали предни или задни секако ќе ве изнанади кога при оворање на вратата ќе го видите доле поздравот Hola! Се гледа и особено впечатлив е навечер.
Гледано однадвор веднаш се забележува предната маска, закосените светла, широкиот преден браник. Преку страничната линија доаѓаме до задниот дел каде доминира светслосниот потпис на Leon. Тоа е хоризонтална ЛЕД лента што ги спојува задните светла на Leon и му дава препознатлив идентитет, пто сигурно ќе го забележите навечер.

Кога во развојот на моделот ќе се вложат над 1,1 милијарда евра се очекува да има нешто поинакво, подобро, свежо, оригинално.. И кога ќе влезете во внатрешноста на Leon веднаш се забележува дека е многу работено на неговата внатрешност, подобрувања. Тоа внимание на инженерите се гледа преку прегледната возачка позиција, спортските FR седишта, управувачот, звучната изолација…. Но, секако прво во очи ќе ви падне дигитализацијата….

Можеби ќе забележите дека внатрешноста е во некој „техно впечаток“, има прочистување од мануелните прекинувачи. За некои работи сигурно ќе најдете замерка, на пример што за управување со вентулацијата морате да го користите 10 инчниот екран. Има и доста работа ако треба да влезете во некое мени, па потоа до неговото подмени…

Некои возачи можат првично да се бунат само со лизгачите за јачина на звук (практично нема копчиња) и контролата за климатизација. Како и другите производи на Групацијата, Leon мора да го исклучувате системот за одржување лента секој пат, во спротивно системот автоматски го „поправа“ воланот малку.
Се губи доста време, но со тек на користење и тоа се надминува. Во желбата да се биде во тренд, можеби малку е заборавено на тоа дека едноставноста е најдобра.

TEST Seat Leon

Новата четврта генерација е дизaјнирана и развиена за да се надоврзе на тој досегашен успех и да донесе повисоко ниво во однос на поврзувањето, ефикасноста, динамичноста и сигурноста. Новиот Leon ja обединува филозофијата на дизаjн што е клучен за секој автомобил то излегува од производната лента на Seat, и зрачи со самодоверба, елеганција и спортски карактер.

Спортски карактер – семејна пространост

Дигитализацијата на инструментите како дел од технолошкото созревање е направено беспрекорно. Дигитална инструмент табла, нов изглед на командата за DSG трансмисијата, при што останува и доволно простор за оставање предмети и функционален начин за оставање предмети на централната конзола.
Опремата секогаш била јака страна на Leon. Уште од првото ниво на опрема, па се до нашиот FR кој има нагласени спортски детали и атмосфера. Тука секако се и поскапите материјали за изработка па и кога се допираат. Без оглед на опремата секогаш има многу места и пространост.

Како возач секогаш те интересира седењето напред. Но, ако некогаш сакате да дознаете дали автомобилот е „семејно френдли“ седнете позади, видете колкав е багажниот простор….
Оние 8,5 сантиментри во должина и оние 5 см. во меѓуоскиното растојание многу значат за задните седишта. Сега комоцијата во внатрешноста има подвлечен семеен карактер, а притоа пак имате спортски детали и карактеристики. Седиштата се спортски, кожниот волан и нешто пониско поставените седишта се знак дека можете да уживате во возењето.

Seat овозможува поврзување со најпотребните сервиси и апликации, а на возачот и совозачот, и на патниците на задната клупа им се достапни USB-C приклучоци. Багажникот останува со капацитет од 380 литри, а со спуштање на седиштата се стигнува и до 1301 литар. Голем отвор на задната врата на багажникот, доволна да сместите и поголеми предмети. Тука семејството сигурно ќе се радува.
Безбедноста на семејството секогаш е на прво место. Независната Euro NCAP, лани го тестираше новиот Leon и покрај петте ѕвезди му додели и највисока оцена во однос на заштитата на возрасни патници меѓу сите тестирани модели во 2020 година.

FR TSI – Бензинец со блага електрификација

Сега во мода се бензинците, електрификацијата… Но Seat ви дава да уживате со 1.5 литарски бензински мотор со овие 150 КС заедно со DSG менувач, опремен со стартер генератор од 48 волти, мала литиум јонска батерија сместена под совозачкото седиште и декативација на работата на два цилиндри во фаза на релаксирано возење и успорување.

Овој мотор е познат и од порано со својата добра и беспекорна работа. Тивок, а сега уште и благо електрифицира со дополнителна дозна на сила. Станува уште подобра и поуверлив на ниски вртежи, а помоќен при забрзување. На крајот испорачува перформанси кои доаѓаат при поудобно возење. Континуирано забрзување и крајна брзина од 220 км/ч. која сепак не ја испробавме. Но, до стотка стигнува за помалку од девет секунди.

На овој мотор и подвозје добро се вклопува DSG менувачот со седум брзини. Можете да избирате, рачно менување и автоматско. Како сакате. Спортскиот профил на возење брзо ви дава брзина одговарајќи на вашето пристикање на педалот за гаста. На тоа се надоврзува и суспензијата па секако ќе имате фино возење и контрола над воланот.

Кога имат еваков „спортист“ нема многу да гледате на потрошувачката, но таа и нема да ве загрижува. Декларираните 5 литри од фабриката навистина може да се достигнат, иако некое литро повеќе ќе „испие“ ако сакате повеќе да притискате на гаста. Нашите 6,3 литри се повеќе од одлични.

Test Seat Leon

Низ годините Leon се избори за имиџ дека е помладиот брат на Golf, но помладиот секако е поубав, спортски настроен, а го задржал ДНК-то на семејството. Заедно со Golf, Audi A3, Octavia тоа е уште еден целосно нов модел направен на компактната MQB Evo платформа на германската групација.

 

ЗАКЛУЧОК: За изгледот никогаш не се дебатира. Или ти се допаѓа или не. За Leon веруваме ќе го делите нашето мислење. Остава впечаток на голем и сериозен компакт, па дури и ако го наречете „шпански голф“ нема да згрешите. Има доста заедничко со Golf, ама секако Leon е нешто друго, поразлично. Повторно на мета се помладите, и оние што така се чувствуваат.
Дизајнерите понудиле автомобил што може истовремено да биде и спортист и семеен, да се трка и да се движи нормално, да го качи адреналинот и да ве релаксира.

ЦЕНА: Почнувајќи од 19.536 евра за основниот модел, па се до 27.927 евра за Топ понудата.

Нашиот модел на тестирање имаше цена од 29.200 ( со попуст – 25.500 евра.

Дополнителна опрема во тестираниот модел:
* Park Assist помош за паралелно паркирање со предни и задни паркинг сензори
* Seat Full Link (Mirror Link + Apple Car + Android Auto)
* Комфорен пакет: Сензор за светла, сензор за дожд, внатрешен ретровизор со затемнување, автоматски Coming & Leaving Home
* Алу-тркала 18 инчи Performance
* Зимски пакет (греење на предни седишта)
* Full LED технологија (ЛЕД предни фарови, ЛЕД дневни светла, ЛЕД задни стоп светла
* Карти на Европа со апдејт на мапи
* Навигациски систем со 10 инчен екран, 8 звучници, USB, блутут, говорни команди

Повеќе за моделот: –  https://www.seat.mk/noviot-leon-5d/pregled

Ценовник и опрема. https://www.seat.mk/kupuvanje/cenovnici-i-katalozi

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK