И следната година се откажува саемот во Женева?

ОБЈАВЕНО НА:

Оваа година светот на автомобилите остана без саемот во Женева. Најпопуларниот саем за автомобили беше откажан сам три дена пред официјалниот старт на 5 март.

Организаторите поради откажувањето остварија загуба од околу 10 милиони евра, а по откажувањето најавија дека се посветени на организацијата за следната година. Но, последните вести кои доаѓаат од Швајцарија кажуваат дека можно е и одложување на саемот закажан за следната година.

Медиумите пренесуваат дека бројни производители веќе го откажале присуството на саемот кој евентуално би се одржал следната пролет. Поради тоа, но и неизвесноста поврзана со коронавирусот, организаторите би можеле да ги прекинат во целост подготовките за следната гдина, а со тоа и да ја откажат саемската манифестација.

Од фондацијата “Меѓународен саем за автомобили Женева” организатор на овој саем соопштија и дека ја одбиле помошта од локалните власти од 15,7 милиони евра поради тоа што не била согласно статутот на Фондацијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK