Со Vision E почнува електрификацијата на Skoda

ОБЈАВЕНО НА:

Со претставувањето на Vision E, чешката компанијата ја прикажува својата визија за иднината на брендот преку електричниот автомобил. Дизајниран со пет врати електричниот СУВ може самостојно да помине до 500 км. на струја и го исполнува нивото бр. 3 на автономноста.
Skoda интензивно работи на електрификацијата на својата гама, и ќе понуди дури пет целосно електрични модели во различни сегменти до 2025 година.

Претставувањето на Skoda Vision E ќе биде на автомобилскиот саем во Шангај 2017, кој ќе се одржи од 19 до 28 април. Vison E e првиот целосно електричен и автономен концепт автомобил во историјата на компанијата наскоро ќе биде прикажан.

Со должина од 4.645 мм., ширина од 1.917 мм. и височина од 1.550 мм., Skoda Vision E има забележително присуство на патот. Благодарение на долго меѓуоскино растојание од 2.850 мм. дизајнерите создадоа екстремно пространа внатрешност – што е карактеристично за сите модели на Skoda. Моделот има високо седење позиција типична за СУВ моделите и многу простор во комбинација во динамичната силуета и нежно заоблена линија на покривот на ова СУВ купе.

Благодарение на погонскиот систем со 225 kW, Skoda Vision E забрзува моментално и динамично. Максималната брзина изнесува 180 км/ч. Моќните литиум јонски батерии овозможуваат опсег до 500 км. Благодарение на интелигентното управување, двата електрични мотори соработуваат со максимална ефикасност и силата ја испорачуваат на сите четири тркала. Предните и задните тркала се соодветно прилагодени со цел да обезбедат високо ниво на стабилност, динамичност и безбедност.

Според последните анкети, околу 15 отсто од сите нови автомобили би можеле да бидат целосно електрични во 2030 година. Концепт автомобилот Skoda Vision E ги исполнува високите стандарди „Ниво 3“ кога станува збор за автономно возење. Моделот самостојно се движи низ сообраќајниот метеж, вози на автопат, искачува планини со интелигентно управување и самостојно бара и се паркира на бесплатен паркинг простор. За да се овозможи сето тоа, возилото е опремено со разни сензори со различен опсег и бројни камери кои постојано ја следат состојбата во сообраќајот и околината на Skoda Vision E.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK