И официјално ова е новиот Range Rover Evoque

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Land Rover во Лондон и официјално ја направи светската промоција на новата генерација на Range Rover Evoque.

Втората генерација на овој доста популарен модел доаѓа со не толку екстериерни и интерниерни промени. И покрај тоа овој модел има и натаму модерен и привлечен изглед. Познатата маска на ладилникот и подновените LED светла и натаму се доминантни на предниот дел.

Најголемата измена е во димензиите. Така новата генерација има за 20 мм поголемо меѓуоскино растојание, но и покрај тоа должината остана на 437 см. Тука е и помалиот препуст на задниот дел во однос на актуелната генерација.

Во однос на моторите, овој модел најпрво ќе биде понуден со 2.0 литарски бензински и дизелски мотор, а подоцна во план е проширување на понудата со plug-in хибридна верзија. При тоа во понудата, најголем дел од автомобилите ќе бидат со погон на сите четири тркала, а само една дизелска верзија доаѓа со погон само на предните тркала и мануелен менувач. Најмоќната верзија ќе располага со бензински мотор од 296 КС и 9 степен ZF автоматски менувач.

Range Rover Evoque

Инаку првата генерација на овој модел во производство влезе во јули 2011 година, а поради големата популарност, како глобален модел се произведуваше во Халвуд (Велика Британија), Чангшу (Кина), Пуне (Индија) и Итатиала (Бразил). Во сите овие години овој модел се продаде во околу 800 илјади примероци.

Производството и продажбата на овој модел започнува следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK