Ригорозни промени: Во Србија се воведува пробна возачка дозвола!

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата година беа донесени низа нови закони и правила во сообраќајот, нашиот северен сосед воведува нови правила за добивање на возачка дозвола и ограничувања на возачите почетници.

Првата измена ја опфаќа онаа категорија на лица кои до 19 годишна возраст ќе го положат успешно возачкиот испит. При тоа тие ќе добијат пробна возачка која ќе ја користат до својата 21 година. Пробната возачка за постарите од 19 години важи само две години.

Овие “почетници” не смеат да управуваат со автомобил со повеќе од 80 киловати, а доколку во автомобилот има членови на семејството со повеќе од пет годишно искуство тогаш може да се управува и со помоќен автомобил.

Се вовеdува и т.н. нула толеранција за алкохол па така оние почетници кај кои ќе се утврди присуство на алкохол додека управуваат со моторно возило ќе останат без возачка дозвола. За почетниците се воведува и забрана за управување на возило помеѓу 23:00 и 06:00 часот, а забрането е телефонирање во автомобилот иако се користи хендс-фри направа.

Ова се само дел од измените воведени во Србија последниот период. Претходно беше воведена контролата на брзина од патарина до патарина, а поставени беа и неколку камери-радари долж автопатиштата во земјата. Исто така беа направени и измени за техничките прегледи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK