Франција во акција – Зголемен бројот на приватни пресретнувачи на патиштата!

ОБЈАВЕНО НА:

Задачата за ловење на возачи кои прават прекршоци знае да биде многу тешка, па во Франција најдоа решение со тоа што истата им ја препуштија на приватници.

Работата очигледно се покажа како добра бидејќи Владата на Франција планира во 2021 година на патиштата да има 450 радар автомобили или 12% повеќе отколку годинава. За остварување на целта е планирано да бидат вклучени 223 приватни пресретнувачи односно пресретнувачи кои не се полициски.

Последната бројка е интересна бидејќи приватните компании имаат само 40 радар автомобили. Со 223 радар возила кои ќе бидат ангажирани следната година, бројката од 2020 година ќе биде зголемена за дури пет и пол пати.

Приватните компании можат да возат подолго особено за викендите. Со оглед на тоа што на патишрата ги имаше само 40 (во однос на 362 полициски) приватните пресретнувачи се одговорни за дури третина од сообраќајните казни, што е во голема непропорционалност со нивниот број. Очигледно и на Владата и се допадна нивната ефикасност.

Кај нас се уште сме на радари со полиција која се крие во грмушки или зад под мостови, и лови само на одредени делници. Но, според прикажаните бројки на нашиве полицајци засега одлично им оди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK