Се освестија ли возачите: Драстично опаѓа продажбата на дизели во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Последните случувања околу аферите со емисиите на издувни гасови од дизелските агрегати во Европа носи негативни продажни резултати за ваквите возила. Според последните податоци од Асоцијацијата на производители на автомобили во Европа (ACEA), побарувачката за нови дизел автомобили на главните 15 европски пазари значително се намали.

Пазарниот удел на овие агрегати е намален до ниво на 46,3 % во првата половина на оваа година. Во истиот период лани продажбата била 50,2 % на крајот на првото полугодие од 2016. Искажано низ бројки падот во продадени возила е 152.300 автомобили.

Од ACEA коментираат дека намалувањето на побарувачката на дизелски автомобили е на сметка на зголемувањето на интересот за бензинските агрегати (+328.615 единици), и за прв пат од 2009 година, продажбата на бензински автомобили била над онаа на дизел на основните 15 европски пазари.

На крајот од 2016 година пазарен удел од 45,8 %, на крајот на првата половина од оваа година кај бензинските мотори е зголемен до 48,5% од вкупната продажба на автомобили.

Во првата половина на годината, на главните 15 европски пазарот биле купени вкупно 392.954 нови автомобили со алтернативен погон (зголемување од 103.215 единици), од што 95.442 (+25 787) биле електрични. Значително зголемување е забележано и кај побарувачката за хибридни автомобили – од 73 044 единици, на вкупно 198.579 единици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK