Citroen со електрична офанзива со понудата за леснo товарни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Citroen ги објави своите планови за електрифицирање на понудата на лесно товарните автомобили, со која се предвидува до 2025 година целото портфолио да биде 100% електрично.

Од компанијата од Франција коментираат дека офанзивата за електрификација на понудата на лесно товарните автомобили ќе биде важен двигател на растот на брендот во целина. Следниот чекор на Citroen ќе биде лансирање на пазарот на целосно електричното Jumpy, а тоа ќе се случи следната година.

Во 2021 година ќе можеме да бидеме сведоци и на стартувањето на продажбите на 100% електричната верзија на новото Berlingo Van. Во моментов, компанијата на некои пазари нуди Berlingo Electric, а на почетокот на следната ќе биде претставен и Jumper Electric.

Оваа 100% електрична верзија на Citroen Jumpy ќе биде достапна во две главни верзии во зависност од нејзиниот капацитет на батеријата. Со 50 kWh ќе има можност за поминување на 200 километри, додека со 75 kWh ќе има можност за возење до 200 километри.

Од компанијата од Франција сооштуваат и дека носивоста на товар на автомобилот ќе биде слична на верзијата со мотор со внатрешно согорување, но ќе го погоди пазарот со сите придобивки кои ги нудат електричните возила, вклучително и пониските трошоци за работа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK