Џереми Кларксон потврди – ова е најдобриот автомобил кој го возел

ОБЈАВЕНО НА:

Познатиот англиски авто новинар и критичар, Џереми Кларксон во интервју за Drive Tribe откри кој е најдобриот автомобил кој го возел.

“Да, Lexus LFA. И тоа најмногу поради звукот. Има милион недостатоци, не можеш да го подесиш сигурносниот појас, резервоарот е премал и многу други работи. Но звукот кој го создава V10 моторот прави да ве полазат морници, а тоа е нешто што не може да го добиете од електричните автомобили” изјави Кларксон.

“Секс со Натали Портман или машина за шиење? Толку е LFA оддалечен од реалноста” додаде тој за автомобилот кој располага со 4.8 литарски V10 мотор.

Инаку последниот примерок на овој автомобил е произведен во 2012 година, а при тоа се произведени вкупно 500 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK