Porsche со рекордна продажба во 2019 година

ОБЈАВЕНО НА:

Спортскиот бренд Porsche кој функционира во рамките на Volkswagen Групацијата оствари рекордна продажба за 2019 година.

Според официјалните продажни перформанси објавени од овој производител, во 2019 година на глобално ниво Porsche пласираше 280.800 возила што претставува пораст од 10% во споредба со 2018 година.

Најголем пораст на продажбата е остварен на “Стариот континент” каде се испорачани 88.975 Porsche автомбили или процентуално, забележан е пораст од 10%. И натаму најголеми пазари остануваат САД и Кина на кои исто така е забележан процентуален пораст на продажбата од 7% односно 8% во Кина.

Најпродаван модел е Cayenne со продадени 92.055 примероци што е за 29% повеќе во споредба со 2018 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK