Освоил Chevrolet Corvette C8 на грепка – но сега не може да го добие

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе добиеш на лотарија си радосен и едвај чекаш да ја подигнеш наградата. Денис Калер ја освоил главната награда на грепка, но не може сега да ја добие.

Овој Американец на националната лотарија на сојузната држава Џорџија освои автомобил Chevrolet Corvette C8 Stingray, но пропустот го направиле организаторите.

Тие ја ветиле оваа награда односно било предвидено за добитникот на истата да може да одбере било каква верзија на Corvette во висина не поголема од 107.000 долари колку што изнесува фондот за оваа награда. Калер одбрал верзија со дополнителен Z51 пакет и токму тука настанува проблемот.

Калер добил известување дека во моментов сите залихи од овој модел се распродадени. По ова, тој добил понуда од дистрибутерот Five Star Chevrolet дека може да му достават Corvette автомобил, но мора да плати провизија од околу 10.000 американски долари.

По ова, добитникот решил самостојно да го бара ветениот автомобил по дилерите, па на крајот по неколку недели успеал да се договори со дилер, но за неговиот автомобил ќе мора да почека до крајот на годината.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK