Револуција во одржувањето – електричен бетон

ОБЈАВЕНО НА:

Возењето по замрзнати патишта, мостови секогаш е опасно, а најчесто истите се одржуваат со фрлање на сол или ситен песок, со цел да се спречи евентуалното пролизгување. Но, во иднина ова може да се смени.

На Универзитетот Небраска во САД нашле решение за овој проблем. Во обичен бетон ставиле мешавина од челични струготини и јаглерод во сооднос 80:20, и се поврзале со извор на енергија. Доволно е да има 20 отсто јаглерор и челични струготини за да може во бетонот да се пушти струја, доволно за да го одмрзне ледот, а во исто време површината на патот да биде безбедна за допирање.

Овој тн. електричен беток бил тестиран на површина на димензија колку дневна соба. Раководител на проектот Кристофер Туан, уверува дека принципот функционира, и го искористил да се испроба на 45 метри долг мост. Тоа е прв мост направен од панели со електричен бетон. Овој систем бил испробан уште во 2002 година, но малку се пишувало за тоа.

Според Туан, ова решение не е скапо за одржување на патиштата. Греење на асфалот во текот на тридневна снежна олуја чини околу 250 долари, што е помалку од сумата што се издвојува со конвенционално чистење на патишта и посипување со абразивни материјали.
Единствен проблем е што бетонот е поскап од актуелната смеса за градење на патишта. Но, затоа може да се користи на места кои се поризични во однос на замрзнување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK