Јапонците пак го уапсија шефот на Renault-Nissan

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот човек на алијансата Renauilt-Nissan, Карлос Гон беше уапсен од страна на службите во Јапонија откако беше издаден налог од страна на Специјалното јавно обвинителство на Јапонија кое е сместено во Токио.

Ова е второ апсење на Гон во кратко време, а новото приведување е поради сомнежи за кршење на законските обврски кон корпорацијата „Nissan“. Според информациите Гон може да остане во притвор десет дена без да биде покренато обвинение.

Карлос Гон беше уапсен на 19 ноември годинава исто така од службите на Јапонија, а сега одново е обвинет, па му се заканува и затвор. Првиот пат беше уапсен поради нарушување на финансиското законодавство на Јапонија.

Инаку, Гон беше отпуштен од страна на Nissan, но уште е на позицијата шеф на Renault.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK