Побарал помош од државата поради коронавирусот па си купил Lamborghini

ОБЈАВЕНО НА:

Поради коронавирусот и рестриктивните мерки кои беа воведени, многу држави на бизнисите им понудија финансиска помош со цел побрзо да излезат од економската криза која ги погоди.

САД е една од земјите која понуди (и се уште нуди) финансиска помош на бизнисите. На една од програмите понудени од Владата аплицирал и 29 годишниот Девиј Хајнс кој побарал помош за својот бизнис.

Врз основа на апликацијата и погоденоста на неговиот бизнис тој добил 3,9 милиони американски долари, но она што предизвика интерес е тоа како истиот тој ги искористил тие пари.

Американските медиуми објавија дека овој бизнисмен од Мајами наместо да ги инвестира парите во својот бизнис се расфрлал во буквална смисла па си купил Lamborghini Huracan од 318.000 долари.

Против Хајнс започнала и истрага па така тој сега ќе одговара и за лажирање на податоците наведени во апликацијата за помош во која тој навел дека во бизнисот работат многу повеќе од реалната бројка на вработени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK