Mercedes-Benz го тестираше концептот EQV во Барселона

ОБЈАВЕНО НА:

Во плановите за електрификација на понудата на компанијата место зазема и V класата на Mercedes. Тоа може да се утврди од официјалните фотогрфии објавени од тестирањето на EQV концептот низ улиците на Барселона.

Овој модел со нулта штетни емисии ќе биде првиот целосно електричен MPV од премиум сегментот. Па за да го оправда епитетот “премиум”, Mercedes внатрешноста ја изработи користејќи високо квалитетни материјали кои може да се забележат уште на прв поглед. Кожните ергономски седишта со подесувачи за висина, како и управувачот обложен со кожа, но и греење се само дел од опремата што може да се забележи од објавените фотографии.

Секако тука е и бројната опрема и бројните системи кои обезбедуваат поголема безбедност и асистенција на возачот при возењето како што се паркинг сензори, задна камера, сензор за мртва точка, предупредување за напуштање на лентата, автоматско рпилагодување на долги светла, систем за помош при тргнување на нагорнин, систем за предупредување од фронтален судир и многу други.

Mercedes наведува дека благодарение на 100 kWh литиумско-јонската батерија со брзо полнење, овој модел може да помине до 400 км, а полнење на батеријата од 15 минуте е доволно за ова возило да помине 100 км. Благодарение на електричниот мотор кој продуцира 201 КС, максималната брзина (која е ограничена) изнесува 160 км/ч.

Саемската премиера овој модел ќе ја има во септември, во рамките на саемот за автомобили кој ќе се одржи во Франкфурт. Засега продажната цена како и точниот датум на комерцијлизација остануваат непознати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK