Хамилтон ќе донира половина милион долари за Австралија

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најдобрите Формула 1 возачи на денешницата, Луис Хамилтон, се вклучува во кампањата за помош на Австралија која веќе подолго време е зафатена од големи пожари.

Британецот во борбата против пожарите и надминување на природните катастрофи во оваа далечна земја ќе помогне со половина милион американски долари.

“Ми се крши срцето кога ќе ја видам штетата која се предизвикува од пожарите на луѓето и животните ширум земјата. Во знак на поддршка на животинскиот свет, волонтерите кои се борат со последиците од пожарите како и пожарникарите, ќе уплатам 500.000 долари” изјави Хамилтон кој ги повика сите оние кои можат да помогнат истото да го направат.

Инаку пожарите кои ја зафатија Австралија се едни од најголемите во историјат на човештвото. Покрај илјадниците запалени куќи и други објекти, во пожарите животот го загубија и речиси половина милијарда животни

Следете не и на:

24AUTO NETWORK