Први фотографии од новиот кросовер на FIAT

ОБЈАВЕНО НА:

Бразилските медиуми ги објавија првите фотографии од најновиот кросовер на италијански FIAT. Се работи за мал кросовер кој би се позиционирал под 500X, а кој визуелно наликува на моделот Argo.

Развојот на овој модел е под кодното име 363, а сега, за јужноамериканскиот пазар се размислува да се именува како Tuo, Domo или Pulse. Изборот го има тамошната јавност која може да гласа преку он-лајн анкета.

Должината изнесува 4.10 метар, ширината 1,76 метри, висината 1,54 метри. Во понудата доаѓа со 1,3 литарски бензински мотор со 109 КС, 1,0 литарски турбо мотор со 130 КС, а купувачите ќе може да одбираат помеѓу мануелен и автоматски менувач.

Во производство влегува во август. Ќе се произведува во Бразил, а најверојатно овој модел ќе дојде и во Европа, во текот на следната година. Истиот би се произведувал во фабриката во полскиот град Тичи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK