Tesla повторно поскапува – некои модели и до 6.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Во ситуација кога се поскапува, има недостиг на чипови и многу производителит ги зголемуваат цените, на овој чекор се реши и Tesla. Цената на електричните возила на Tesla во Северна Америка вртоглаво порасна. И ова не е прв пат од почетокот на годината.

Основната цена на Model 3 (кој некогаш беше позициониран како електричен автомобил за 35 илјади долари) не се промени од пролетното поскапување и изнесува 48.500 долари. Но, за верзијата со Long Range, сега треба да се доплати уште 2.500, што ја прави крајната цена од 58.000 долари.

Најпопуларниот кросовер, Model Y, чини од 2.000 до 3.000 долари повеќе, во зависност од верзијата. Но, најмногу се зголемија цените на топ моделите. Така, сега треба да платите 5.000 долари повеќе за Model S и шест илјади долари повеќе за Model X.

Традиционално, производителот на автомобили не ги објаснува причините за поскапувањето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK