Skoda Octavia првпат со Sportline верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda објави дека новата генерација на Octavia ја добива првата верзија на SPORTLINE во својата историја.

Главните новини и карактеристики на Skoda Octavia Sportline која е поставена помеѓу нивото на изведба Style и врвната понуда RS, се поврзани со подинамичниот изглед на автомобилот, бидејќи тука се нагласуваат црните надворешни апликации, спортски мултифункционален трикрак волан, нови спортски седишта со интегрирани потпирачи за глава, специјални тапацири на ThermoFlux и други.

Octavia Sportline располага и со препознатлив преден спојлер, специјална рамка на предната решетка, заден дифузер, хромирани апликации, заден спојлер, стандардни 17-инчни алуминиумски тркала многу повеќе.

Skoda најавува дека новата Octavia Sportline може да се нарача со опционална суспензија DCC Dynamic Chassis Control, како и голем број иновативни системи за помош на управувачот.

Octavia Sportline е достапен за сите типови на погонски системи на моделот, вклучувајќи бензински, дизел, хибриди на полнење и не-полнење, како и за OCTAVIA G-TEC (CNG). Силата на моторите е во распон од 115 КС до 204 КС.

Има 1.5 TSI со 150 КС кој се испорачува со 7 степен DSG менувач и мајлд хибрид технологија, додека 2.0 TSI со 190 КС доаѓа со DSG И погон на сите тркала. Octavia iV Sportline со плаг-ин хибрид дава сила од 204 КС, додека G-TEC со природен гас испорачува 130 КС. Дизелските мотори нудат сила од 115 КС, 150 КС и 200 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK