(ВИДЕО) Погледнете како изгледа зад воланот на G-Power BMW X6M

Над 50 илјади прегледи за само 24 часа – најновото видео на AutoTopNL е вистинска адреналинска напивка за љубителите на автомобилизмот, а особено оние на BMW.

Главната улога во видеото ја има G-Power BMW X6M кој под хаубата има моќен 4,4 литарски V8 BiTurbo мотор. Овој мотор располага со 770 КС, а до стотка забрзува за 3,8 секунди, а без проблем постигнува брзина поголема од 300 км/ч.

3 минутното видео снимено од зад воланот на овој ѕвер можете да го погледнете во продолжение.