Ги користат своите автомобили – за да бидат сами

ОБЈАВЕНО НА:

Ново проучување покажува дека пандемијата на коронавирусот ги принудила Американците почесто да ги користат автомобилите само за да бидат сами. Покрај тоа падемијата на коронавирус ги зголеми цените на автомобилите во САД.

Во проучувањето, спроведено од информатичко-аналитичкиот портал TrueCar, се кажува дека речиси три четвртини од Американците (73 проценти) признаваат дека поради пандемијата COVID-19 и поврзаните ограничувања со неа, почнале да ги користат автомобилите не само за патување на работа, туку и буквално за избегнување на луѓето со кои обично живеат.

Сега Американците ги користат автомобилите, за да бидат сами, а 37 проценти од жителите на САД соопштуваат дека влегле во автомобилот за време на карантино, за да зборуваат мирно на телефон. Други 32 проценти од Американците, пак, велат дека за време на пандемијата своите возила ги претвориле во импровизирана канцеларија за да можат мирно да работат.

За поголем дел од анкетираните жители на САД автомобилите се нешто повеќе од средство за превоз. Дури 68 проценти ги сметаат за продолжение на семејството, а 35 проценти дури признаваат дека треба да измислуваат имиња за своите возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK