Фитнес програма за Mercedes GLA

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на луксузни кросовери добро оди, и Mercedes-benz сака да го задржи местото па понуди освежена верзија на GLA основниот модел на кросовери за 2017 година.
Веќе летово новиот и подобрен модел ќе почне да се продава во САД, ќе има малку повисока цена, но и подобрена опременост со освежен преден и заден дел, исто како и внатрешноста.

Ќе останат сегашните модели. Сега GLA има редизајниран предни и задни браници, нов дизајн на тркалата и нов дизајн на кластерот на инструменти. Сега и 8 инчен дисплеј со висока резолуција и камера на задниот дел се стандардни. Во однос на понудатта ќе има само еден нов мотор, GLA 220 4Matic кој ќе нуди 180 КС и 300 Нм вртежен момент.

Промените најмногу ќе дојдат до израз кај моделот GLA45 каде е преобликуван предниот браник, има нови решетки за воздух и преден сплитер вметнат во сребрениот хром. Надворешните промени исто така вклучуваат нов спојлер на покривот што треба да помогне во подобрување на аеродинамиката на кросоверот и динамиката на возење.

Цената би требало да биде во просек за 500 долари повисока од сегашниот модел. Сега годишно се продаваат по околу 25.000 возила GLA. Кога беше претставен моделот во 2014 година целта беше да се привлечат помлади купувачи кои ќе возат Mercedes, и то апреку основен модел што би имал премиум понуда, и со цен апоконкурентна вооднос на претходните мали кросовери.

Во Германија цените на GLA почнуваат од 28.940 евра за GLA 180 па се до 56.852 евра за GLA 45.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK