Што ќе покаже BMW на саемот во Минхен (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Меѓународниот саем во Минхен, IAA Mobility 2021, кој треба да се одржи на почетокот на септември, ветува редица на новости, а се очекува главниот дел од нив да бидат поврзани со претстојната целосна електрификција на европската автомобилска индустрија.

На своја територија, BMW Group првпат пред публиката ќе претстави дел од новите пазарни понуди, кои може да се очекуваат во блиска иднина од гигантот, а во тој дел целосно електричните автомобили, модели со класичен и хибриден погон, како и нов футуристички електричен скутер.

Еден од главните акценти за време на учеството на брендот BMW на IAA Mobility 2021 во МИнхен ќе биде целосно електричниот и поврзан СУВ модел iX, кој при појавата на пазарот ќе биде достапен во две основни верзии, секоја од нив со по два електромотори – iX xDrive50 со 523 коњски сили и iX xDrive40 со 326 коњски сили.

Целосно електричното и ново BMW i4, како и овој модел е развиено во две основни верзии, а една од нив ќе стане првиот 100% електричен М предлог на брендот. Одново со два електромотори, BMW i4 M50 ќе понуди максимална моќност од 544 коњски сили, а i4 eDrive40 ќе се појави на пазарот со 340 коњски сили и заден погон.

BMW на меѓународниот саем IAA Mobility 2021

Меѓународниот саем во Минхен, IAA Mobility 2021, кој треба да се одржи на почетокот на септември, ветува редица на новости, а се очекува главниот дел од нив да бидат поврзани со претстојната целосна електрификција на европската автомобилска индустрија. Еден од главните акценти за време на учеството на брендот BMW на IAA Mobility 2021 во МИнхен ќе биде целосно електричниот и поврзан СУВ модел iX, кој при појавата на пазарот ќе биде достапен во две основни верзии, секоја од нив со по два електромотори - iX xDrive50 со 523 коњски сили и iX xDrive40 со 326 коњски сили.

Сериозна заинтересираност се очекува да предизвика исто така и објавеното на почетокот BMW CE 04 на почетокот на јули, коњ исто така е со целосно електричен погон и интересен футуристички дизајн и конструкциски решенија.

Светска премиера на IAA Mobility 2021 ќе биде направена исто така и за целосно новото BMW 2 Series Coupé, 4 Series Gran Coupé, X3 и X4, а по секоја веројатност и за уште други необјавени модели од брендот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK