Актуелно со Благоја Димитровски: Toyota „држи“ 10 отсто од пазарот во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Квалитетот секогаш доаѓа до израз, а отсекогаш синоним за тоа била Тоyota. Јапонскиот бренд со години е во самиот врв на македонскиот пазар, и секоја година се поцврсто граби напред. Во разговор за „Автомобилност“ чиј член е и 24auto, со Благоја Димитровски отркиваме каква е нивната стратегија, како брендот стигна до сегашните позиции да има 10 отсто од пазарниот удел во Македонија.

Со години нема официјално броење и објавување на податоците кои модели и брендови се најпродавани во нашата земја. Но, сепак производителите на европско и светско ниво меѓусебе ги споделуваат резултатите, за да можат да планираат и да анализираат. Токму така и горе-долу може да се процени колку е продажбата на автомобили во Македонија.
А според податоците на производителите, лани во Македонија се продадени над 6.600 нови автомобили.

„Немајќи релативни и меродавни податоци од официјалните институции, нашите бројки и анализи на пазарот во Македонија се базираат врз податоци добиени од нашиот принципал, Toyota Motor Europe. Според тие податоци, пазарот минатата, 2021 година изнесуваше 6.603 нови возила, а Toyota на Македонскиот пазар продаде 661 возило. Оттука, со пазарен удел од точно 10 проценти, Toyota се позиционира на првото место, вели Димитровски.

Тоyota за прв пат е на челното место. Има повеќе фактори за овој резултат.
„На прво место би ја ставил уникатната хибридна технологија која континуирано се развива уште од 1997 година. Јасно, тоа е највисокото експертско ниво на хибрид, препознаено од страна на клиентите, кое ни обезбеди отприлика 45% од вкупниот број продадени возила.
Како второ, Toyota уште од 2019 драматично го смени дизајнерскиот израз. Со тоа возилата добија препознатлив и подинамичен изглед кој, на наше лично задоволство и задоволство на Toyota, ни обезбедува поголема посакуваност од страна на клинетите а со самото тоа и зголемена продажба, потенцира Димитровски.

Од друга страна Toyota од јуни минатата година првпат воведе 10-годишна гаранција на возилата, нешто ново на домашниот пазар.
„Таа гаранција повторно е уникатна затоа што е со најдолг временски период, што исто важи и за прејдената километража од 200.000. Би сакал да напоменам дека се работи за фабричка гаранција што значи дека таа доаѓа со целосна поддршка од производителот. Последно, но не најмалку важно, е и тоа што ние минатата година не се соочивме со сериозен проблем во однос на производство и испорака на возила. Поточно, имаше проблеми, имаше задоцнување но не како кај останатите производители“, вели Димитровски.

За да се биде најпродаван бренд треба да се има и добра понуда. Различна е структурата на продадените возила, а бестселер на нашиот пазар е добро познат модел.
„Генерално тоа е моделот Corolla хечбек која е кратка верзија од Corolla седан, потоа Corolla седан која и во источниот дел од Eвропа, па така и во Mакедонија зазема сериозен пазарен удел, потврдува Димитровски.
„Докажаниот квалитет, имиџот на најпродаван модел во историјата, потоа практичноста на багажниот волумен што, а и нејзиното ценовно позиционирање, претставуваат одлучувачки адути кај купувачите.

На трето место се модлеите се Aygo и Yaris, претставници од „А“ и во „Б“ сегментот. Модлеот RAV 4 е еден од лидерите на македонскиот пазар. Можеби не е најпродаван SUV но сигурно е во топ 3 најпродавани возила во овој сегмент. И покрај цените кои сега постојано растат постои добра заинтересираност кај купувачите.

„ И покрај цените што моментално важат поради фактот што тие во последно време се во континуиран раст. Причините за тоа се наоѓаат во растот на репроматеријалите за производство на возилата, растот на цените од добавувачите на компоненти, растот на транспортните трошоци.
Сепак сметам дека сите овие атрибути кои што претходно ги наведов целосно ја оправдуваат цената на нашите производи. Самиот факт што има значителна побарувачка и по монеталните цени значи дека се наоѓа одлична сатисфакција во односот на платено/добиено“, вели Димитровски.

Директор на Toyota Авто Центар вели дека и во првото тромесечие на годината, нивниот бренд е повторно број 1 на пазарот.
„Како многу важен момент би ја истакнал навремената испорака и одличното планирање во смисла на оптимизираното производство во однос на побарувачката. За околу месец и половина очекуваме да пристигне Aygo Cross. Тоа ќе биде комплетно ново возило, со нов концепт. Како што кажува и самото име Cross, се напушта стандардниот концепт на Aygo кој беше етаблиран во A-сегментот, и се оди кон кросовер класата“, вели Димитровски.

Иако останатите производители креваат раце од малите градски возила поради намалената побарувачка и работење со помали оперативни маржи, Toyota одлучи да го откупи делот од фабриката во Чешка каде заедно се произведуваа Peugeot 107 и Citroen C1.
„Она што е тука интересно во врска со овој модел, а што би сакал да го потенцирам, е дека ние веќе успеавме да имаме три порачки кои се направени онлајн, дури и пред да го видат моделот во живо. Тоа на еден практичен начин ни укажува дека живееме во време на промени, но исто така живееме во време на промени од страна и на клинетите. Така да тие се веќе подготвени да прават и онлајн резервации и да купуваат возила уште пред да ги видат физички.

Од Toyota Авто Центар најавуваат дека некаде во јуни-јули се очекува и првото електрично возило на Toyota, наречено bz04 кое на македонскиот пазар официјално би бил претставен во период помеѓу јуни и август. До крајот на годината, поточно уште во почетокот на втората половина се очекува и Corolla Cross, така да семејството на Corolla составено од хечбек, седан и Touring Sport (караванска верзија) ќе биде збогатена и со SUV изведба на Corolla, односно со Corolla Cross.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK