Зошто VW Polo доби покана за дополнителна сервисна акција

ОБЈАВЕНО НА:

Европската комисија издаде предупредување за можните проблеми и сериозноста со поради проблемот откриен во модел на VW Polo. Се работи за дел од возилата кои се произведени во периодот од 22 септември 2019 до 6 февруари 2020 година.

Во објаснувањето за проблемот се наведува дека „Поради неправилно затворените неповратни вентили во цевките за вакум маслото може да се внесе во потисникот на сопирачката, и да ја оштети нејзината внатрешна мембрана.Ова може да доведе до неуспех на помошта за сопирање, зголемувајќи го ризикот од несреќа.“.

Се работи за возила произведени во Шпанија, а предупредувањето е издадено од Германија. Возила со ваков проблем биле вече најдени на пзарот во Словачка по што веднаш е издадено предупредувањето.

Се разбира ова не значи дека сите возила го имаат истио тпроблем, но се препорачува проверка доколку не сте добиле покана од овластениот сервис.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK