Криза… Продажбата на автомобили во Германија како во 1992 година

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на нови автомобили во Германија во август годинава падна за 23% продавајќи се при тоа 193.307 нови автомобили. Ова значи дека во август годинава се продадени најмалку автомобили споредбено со било кој август почнувајќи од 2000 година па наваму, но и најмала стапка по 1992 година.

Автомобилите со бензински мотор бележат пад од 42%, а оние со дизелски од 51%. Од друга страна единствено плаг-ин хибридните и целосно електричните возила забележаа раст и тоа од 43% однсоно 80% со што нивниот пазарен удел е сега речиси 20%.

Mazda, Opel, Ssangyong, Suzuki и Tesla се единствениите брендови кои забележаа процентуален пораст на продажбата во август, а Mercedes, Jeep и DS забележаа пад поголем од 50%.

Во апсолутни бројки, во август најголема продажба генерираше Volkswagen и тоа од 36.223 автомобили. Следи BMW со 16.137 автомобили додека на третата позиција е Audi со 14.375 автомобили.

Целосниот извештај за продажбата можете да го погледнете ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK