Сезоната на снег е почната: Се одлучивте за зимски или за гуми all-season?

ОБЈАВЕНО НА:

Зимата дојде и календарски, а возачите веќе месец и пол имаат обврска да поседуваат зимска опрема во своите автомобили. Секако таа опрема ќе треба да се користи доколку на автопатот има снег, мраз или поледица. Зимската опрема подразбира зимски гуми на сите четири тркала, а длабочината на газечкиот слој на гумите мора биде минимум четири милиметри.

Сезоната за замена на гуми е во тек исто толку време колку и потребата да се поседува зимска опрема, сè почесто се јавува и прашањето дали ќе се одлучите за зимски или за универзални (all-season) гуми. Она што треба да го знаете е дека и all-season гумите би можеле да бидат дел од зимската опрема.

Од друга страна, во услови на често паѓање на снег, мраз и при многу ниски температури секогаш најдобро решение е да имате зимски гуми. Составот на овие гуми овозможива максимално управување и го намалува ризикот од лизгање, додека длабочината на шарата обезбедува добар контакт, но исто така спречува задржување на снег во внатрешноста на гумата.

Универзалните или all-season гумите – секогаш се компромис меѓу летните и зимски перформанси. Можат да бидат добра алтернатива за зимските во регионите со умерена клима, таму каде што нема големи осцилации во температурата односно каде што летата не се премногу топли, а зимите се благи и дождливи. Овие гуми се погодни за возење во местата и градовите каде што паѓањето на снег не е честа појава, но и кога ќе се случи улиците се редовно и навреме исчистени од снег. Исто така all-season гумите може да бидат добар избор за возачите кои годишно минуаат мал или ограничен број на километри.

M + S не мора да значи дека гумата е подготвена за зима

При одбирањето на гуми без разлика дали се зимски или all-season, важно е да се напомене дека сите не се исти и дека симполите на страничниот дел на гумите исто така покажуваат каков е квалитетот и намената.

„Вистинските зимски гуми можат да се препознаат не само според ознаката М+Ѕ, што значи дека се наменети за возење и по кал и по снег, туку посебно по три планински врвови со снег, што е знак дека гумите се правени според прописите на UNECE (Економска комисија за Европа при Обединетите нации), кои пред сè важат во земјите од Европската унија, но и во многу други земји кои систематски водат сметка за безбедноста во сообраќајот.

Кога се во прашање производите Continental, all-season гумите имаат исти симболи и ознаки како зимските, па се алтернатива и добар избор за оние кои минуваат мала одалеченост, избегнуваат возење по снег и живеат во места со блага клима.

Оние на кои можете да сметате
Со постојано усовршување и иновации на своите производи, компанијата Continental сака да биде сигурна дека ветуањето на нивниот слоган „Оние на кои можете да сметате“ не се празни зборови.
Дури и после 150 години, германскиот инженеринг и технологија остануваат синоним за квалитетот, што може да се види во независните тестови на гуми во последната деценија. За време на 944 теста во поселдните десет години, Continental доби највисока препорака дури 767 пати (81% од сите тестови)!

Оваа компанија нуди зимски гуми за сите видови на патнички автомобили и лесни камиони. Нивниот спектар на гуми WinterContact ги задоволува потребите на сопствениците на автомобилите со компактни димензии кои бараат најдобри вкупни перформанси, до луѓето кои се зад воланот на спортски автомобили со високи перформанси.
За сите возачи кои се меѓу овие две категории, постојат модели развиени за средни, лускусни и СУВ возила. Германската компанија исто така има гуми за сите кои бараат решение во текот на елта година: AllSeasonContact.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK