Топ-10 градови со најголем сообраќаен метеж

ОБЈАВЕНО НА:

Аналитичката компанија INRIX објави публикација во која се претставени анализите на сообраќајот во бројни градови ширум светот. При тоа, анализирајќи го времето потрошено во сообраќај по глава на жител направено е рангирање на градовите со најголем сообраќаен метеж. Рангирани се вкупно 900 градови лоцирани во 43 земји.

Листата започнува со Санкт Петербург. Возачите во овој руски град во сообраќаен метеж во просек годишно губат 151 час, a просечанта брзина на движење во градското јадро изнесува 22 км/ч.

На 9. место се наоѓа бразилскиот град Сао Пауло. Возачите во овој град во сообраќајниот метеж губат еден час повеќе од оние во Санкт Петербург. Просечната брзина изнесува 20 км/ч.

Една позиција погоре е Истанбул. Возачите во овој град во централното градско подрачје возат со брзина од 11 км/ч, а тоа ги чини годишно 153 часови во сообраќајниот метеж.

Возачите во Даблин годишно во сообраќајниот метеж губат 154 час што е доволно овој ирски град да се најде на седмата позиција. Веднаш по Даблин следи Мексико Сити. Мексиканците кои живеат во овој град во метежот годишно губат 158 час, а просечната брзина на движење изнесува 19 км/ч.

На позицијата број 5 се наоѓа уште еден бразилски град. Станува збор за Бело Хоризонте во кои возачите во сообраќајниот метеж губат 160 км/ч. Просечната брзина на движење е идентична како и во Мексико Сити и изнесува 19 км/ч.

На следните две позиции следат европските престолнини Париз и Рим. Французите во својот главен град годишно трошат 165 часови во чекање на патиштата, а просечната брзина на движење изнесува 16 км/ч. Италијанците се за малку полоши па така тие во Рим губат 166 часови во чекање во сообраќајниот метеж.

Втор град со најголем сообраќаен метеж во светот е Рио де Жанериро. Во овој бразилски град во сообраќајниот метеж во просек годишно се губи 190 часови, а просечната брзина на движење изнесува 17 км/ч.

Убедливо најлош град за возење е главниот град на Колумбија, Богота. Во овој град годишно се губат 191 часови во сообраќајниот хаос, а просечната брзина на движење изнесува 14 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK