Што значи знакот на Volvo?

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси сите автомобилски брендови, пред се оние формирани уште пред Втората Светска војна имаат интересни бренд-знаци. Особено интересни се оние на Alfa Romeo, Skoda, Ferrari, Lamborghini, Rover, Maseratti… Но што значи знакот на Volvo?

Знакот на Volvo потекнува уште од 1926 година кога е и основан овој производител. Ова лого односно симбол, круг со стрелка вперена нагоре, претставува еден од најстарите симболи на западната цивилизација.

Во стариот Рим, кругот со стрелка нагоре бил симбол на богот Марс, а нешто подоцна започнал да го означува и машкиот пол, но и железото.

Поради тоа овој симбол асоцирал на цврстина и квалитет па токму поради тоа е избран од страна на шведскиот производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK