ВИДЕО: Стара Dacia против BMW 335d – има ли шанси романецот против Германецот?

ОБЈАВЕНО НА:

Во светот на автомобилизмот можни се секакви битки. Една многу интересна и не помалку смешна е онаа помеѓу BMW 335d XDrive F31 против Dacia 1300.

Моделот 1300 на Dacia за прв пат во производство влезе во 1969 година, а во периодот додека се произведуваше во фабриката во Миовени беше достапен со 1.2, 1.3, 1.4 и 1.6 литарски бензински мотор.

Сепак примерокот во видеото е модифициран и под хаубата се наоѓа 1.8 литарски турбобензински мотор со неверојатни 500КС. Иако на прв поглед веднаш го отпишавте овој романски “аутсајдер”, препорачуваме да го погледнете видеото и да донесете заклучок дали Dacia е на исто рамниште како и BMW, барем на drag патеките.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK