(ВИДЕО) Нов рекорд за Porsche Taycan!

Porsche Taycan Cross Turismo постави нов Гинисов рекорд, овој пат со изведување на последователни кругови на мраз во Шведска. Со официјален број од 69 круга, целосно електричниот модел заедно со ветеранот-каскадер Тери Грант го постави Гинисовиот светски рекорд за најмногу последователно направени кругови на мраз во електрично возило.

Обидот беше официјално завршен на 3 февруари, на замрзнато море, за време на Трката на шампионите 2022 во Пајт Хавсбад, Шведска. Видеото покажува снимка од обидот, благодарение на Race of Champions.

За да се постави рекорд, пируети се изведуваа без застанување во кружна област двојно поголема од должината на автомобилот. Користениот автомобил беше стандарден електричен Porsche Taycan Cross Turismo опремен со зимски гуми.

Задачата сепак не беше лесна за Грант. Како што се гледа на видеото, Taycan Cross Turismo запре на средината на обидот бидејќи летачкиот мраз покри еден од сензорите на електричното возило. Грант рече дека ова го натерало автомобилот да помисли дека е во некаков вид на несреќа, што предизвикало системот да се исклучи.

Грант исто така раскажа дека како што гумите го пресекувале патот низ мразот, површината станала нерамна. Тоа влијаеше на неговиот фокус да го постигне рекордот, но тоа не го спречи да ја постигне својата цел.

Ова не е прв Гинисов рекорд за Porsche Taycan Cross Turismo. Претходно годинава, електричниот автомобил ја мина должината од источниот од западниот брег во САД. Во овој обид, Taycan Cross Turismo премина шест држави на вертикално растојание од нешто повеќе од 3 илјади милји (околу 4.800 км.).