Неверојатна колекција: Австриец има 114 примероци на VW Golf (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од создавањето на Golf во 1974 година досега Volkswagen има продадено над 30 милиони примероци. Во колекцијата на Јозеф Јуза се наоѓаат 114 од нив. Австрискиот оџачар, веќе има и светска слава.

Имало моменти во кои колекцијата достигнала и 144 возила, но признава дека бил принуден да продаде дел од возилата за да може да купи некои од поретките примероци.

„Кога првпат седнав во Golf заклучив дека тој автомобил е создаден за мене. Позицијата на седиштето, задоволството од возењето, секојдневната практичност. Сето тоа го има во Golf и на мене многу ми се допаѓа“, коментира Јуза.

Австриецот почнал да ја создава колекцијата додека го возел автомобилот VW Caddy од втората генерација на моделот. Наскоро потоа се појавува првото Cabrio за лето, потоа GTI за забавување низ планинските патишта и Golf Country за во зима. Според зборовите на Јуза тој веќе го поседува „вистинскиот Golf за сите“.

Сериозната заинтересираност кон поретките верзии на Golf станува факт после купувањето на автомобил од прва генерација, а после тоа веќе почнува да бара и поголема заграда во која може да ја собере колекцијта. Според зборовите на Јуза колекционерството добива луди размери и темпо со навлегувањето на онлајн трговијата.

„Само треба да погледнам на интернет и веднаш откривам барем еден неверојатен Golf, кој сакам да го купам, а автомобилот обично е по многу разумна цена. Многу често транспортот е поскап отколку цената на возилото“, признава Јуза.

Најстариот примерот е автомобил од предпроизводствената серија од 1974 година, а во колекцијата влегуваат и два електрични Golf-a од серијата City Stromer, како и еден од вкупно 71 на број Golf G60 Limited, склопени рачно во VW Motorsport, а станува збор за возила со 4-цилиндричен мотор со компресор со моќност од 207 коњски сили.

Дел од колекцијата е и натпреварувачкиот Rallye Golf од 1989 година со моќност од 181 коњска сила, подготвен според барањата на тогашната група А.

Плановите на Јуза вклучуваат и личен „Golf музей”, но засега не се знае кога точно ќе се случи ова.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK