Volkswagen ID.4 сигурен и безбеден – освои петка на краш тестот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Не само што покажува одлични возни перформанси, електричниот ID.4 покажа и одлични перформанси во поглед на безбедноста и сигурноста. На краш тестот на Euro NCAP, очекувано, овој автомобил освои максимален скор од пет ѕвезди.

VW ID.4 е целосно безбеден за пешаците и околината, а успешно ги помина тестовите и при брзина од 50 км/ч и 60 км/ч.

Најдобар скор овој автомобил оствари во поглед на безбедноста на возрасните т.е. возачот. Тука освои скор од 93%. 89% изнесува скорот во безбедноста на децата, 76% во безбедноста на патниците, а високи 85% во поглед на безбедносната асистенција.

Краш тестот на овој автомобил може да го погледнете во продолжение.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK