Зошто Toyota не прави електромобили?

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Женева, потпретседателот на европскиот дел на Toyota, Џералд Килман објасни зошто автомобилскиот производител од Јапонија не сака да ја следи тенденцијата за производство на електрични автомобили. Според него на тој начин компанијата се стреми кон тоа да произведе колку може повеќе „зелени“ возила.

На прв поглед, ваквиот коментар е конрадикторен со логиката. Јапонците, пак, делуваат како да се од друга планета и нивните дејствија не секогаш имаат очигледна мотивација. Компанијата е убедена дека прво производството на целосно електрични возила носи помалку корист за околината и човекот отколку производството на хибриди.

Според Килман, во моментов Toyota е во состојба да произведуа батерии само за 28.000 електрични превозни средства годишно. Сепак, истиот капацитет е доволен за производство на 1,5 милиони хибрдини автомобили. Истражувањето на корпорацијата покажува дека продажбата на 1,5 милиони хибриди може да ги намале штетните емисии во атмосферата за една третина повеќе од продажбата само на 28.000 електрични возила. Тоа значи дека е подобро да се произведуваат милиони хибриди отколку дa се инвестираат средства и време за производство на електромобили.

Според раководството на Toyota, денес потрошувачите имаат поголема можност да купуваат автомобили кои имаат способност да се префрлат од електрична енергија на традиционално гориво. На тој начин возачите се чувствуваат посигурни бидејќи не стравуваат да останат некаде на автопатот без можност да го наполнат возилото со струја.

Покрај тоа во Toyota сметааа дека искористените никел-метални-хибридни батерии (NiMH) во нејзините возила се подобри од литиум-јонските. Прво тие се поевтини, а други многу побавно се уништуваат. Доказ за тоа е што во многу градови во светот таксистите претпочитаат да возат хибриди на Toyota отколку целосно електрично возило од Tesla или Nissan.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK