Вака ќе изгледа новото лого на Audi! (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот авто гигант објави дека заштити дополнителни два симболи кои би можеле во блиска иднина да го заменат досегашното лого.

Иако нема официјална потврда, сепак самиот потег на заштита на новите два симболи на територијата во Германија и САД говори за можноста германскиот произодител наскоро да добие нов визуелен идентитет. Ова особено би можело да се случи напоредно со развојот на новата развојна фаза проследена со развојот на електричните автомобили.

Како што наведуваат медиумите од Германија, ново лого би можеле да добијат само електричните автомобили додека оние на стандарден погон би го задржале постојаното составено од четири прстени.

Последен пат Audi го промени логото во 1985 година кога се воведени препознатливите четири прстени. Пред девет години Audi направи мала измена на фонтот на натписот “Audi”.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK