Во Бугарија бараат субвенции за замена на возилата постари од 15 години

ОБЈАВЕНО НА:

Асоцијата на автомобилските производители во Бугарија бара создавање на програма за субвенционирање на купувањето на еколошки возила, очекувајќи дека така ќе се обидат да се „отарасат“ од европскиот крш и да имаат чист воздух. Иницијативата е поведена уште лани, а сега повторно се бара нешто слично, и тоа веројатно ќе се интезивира по изборите кои завршија неодамна.

Воведувањето на слични програми во европските државаи со економски стимул за зголемување на пазарната побарувачка на нови возила ја подобри значително состојбата на возниот парк кај нив, а се подобри и ситуацијата на чистиот воздух.

Предлогот е да се обезбеди буџет од 25 милиони евра за државни бонуси со кои се претпоставува купување на нови автомобили и враќање на старите автомобили постари од 15 години. Веќе е направена и листа за тоа колку пари би добиле во Бугарија при купување на нови автомобили.

– Електрични возила – 5.000 евра.
– Автомобили со хибриден/plug-in хибриден погон – HЕV/PHЕV – 3.750 евра.
– Еколошка категорија „Eврo 6d” – 2.500 евра.

Доколку биде примена програмата истата може да ја опфати замената на 9.000 единици од најстарите автомобили во автопаркот. Целта е да не се користат веќе возила над 15 години бидејќи се во лоша состојба и немаат современа технологија за безбедност и екологија.

Бугарија е една од земјите од ЕУ каде се возат најстари автомобили, и каде доаѓа голем дел од европскиот крш. Сега веќе улиците се полни со стари автомобили, а плацевите исто така се преполни со возила кои се со постар еколошки сертификат.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK