Vespa наполни 75 години и слави со специјална серија

ОБЈАВЕНО НА:

Годинава Vespa слави важен јубилеј, а тоа се 75 години од постоењето. Од 1946 година до денес италијанскиот бренд го освои светот, станувајќи вонвременска икона, симбол на современиот живот, стилот и технологијата.

Во чест на овој јубилеј, компанијата подготви нова специјална серија на моделот Primavera (50, 125 и 150 кубици) и GTS (125 и 300), наречена Vespa 75th.

Vespa 75th ќе биде достапна од овој месец. Се работи за уникатна понуда, претставена на сајтот на Vespa и на социјалните мрежи на реномираниот произведувач. Моделите од ова издание доаѓаат во Giallo 75th во жолта боја, специјално направена за оваа прилика. Споменатата боја е современа интерпретација на боја од четириесетите години на минатиот век со цел евоцирање на спомени на наследнство, иновативен дух и стил на Vespа.

На страничните панели, предниот капак на предниот дел од скутерот се наоѓа бројот 75 во нешто посилна нијанса. Мотоциклот доаѓа со посебно кожно седиште и неколку хромирани украсни детали. И ностачот на куфер е хромиран.

Како и секое друго специјално издание на Vespa и 75th доаѓа со плочката која го потврдува тоа. Што се однесува до технологијата, роденденското издание и тоа како има со што да се пофали., Тука е 4,3-инчниот TFT екран во боја, додека целосно дигиталната инструмент табла на најдобар начин ја користи можноста на Vespa MIA системот за поврзување со паметните уреди.

Освен сето наведено, секој од идните сопственици на Vespа 75th ќе добие и „пакет за добредојде“ во кој се наоѓаат елегантниот свилен „шев“, ретро Vespa табличка и уште многу друго.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK