Снимен обновениот Renault Kwid

ОБЈАВЕНО НА:

Најпопуларниот модел на Renault во Индија, моделот Kwid доби нова, подновена верзија согласно најавите од претходно и изгедот конечно е откриен.

Иако не официјално, сепак шпиунските фотографии ги покажуваат првите екстериерни измени кај овој модел.

Предниот дел е целосно нов и далеку поатрактивен. Тука се новите светла, новата маска за ладилник и новиот браник. Новитет има и на задната страна, меѓутоа не толку изразен. Во понудата најверојатно ќе дојде со  0.8 и 1.0 литарски бензински мотор, мотори кои се дел од актуелната понуда.

Renault Kwid facelift

Инаку овој модел за прв пат францускиот производител го вооведува во 2015 година и тоа најпрво во Индија каде и се произведува, а само по неколку месеци започнува производството и во Бразил.

Кон крајот на минатата година се појавија информации дека овој модел би можел да се најде во продажба и во Европа под брендот на Dacia, но засега нема ништо од тие најави.