Skoda ветува многу новости за 2021, меѓу нив и Fabia Kombi

ОБЈАВЕНО НА:

За време на своето тематско резиме на годишната прес-конференција, Skoda Auto најави интересни новини во однос на новите пазарни понуди, кои компанијата ќе ги направи за клиентите во текот на 2021 година. Покрај тоа беше соопштено дека освен за Индија, компанијата ги презема организациските дејности на Volkswagen Group и во Русија и Северна Африка.

Дел од стратегијата за равој на Skoda Auto предвидува воведување во продажба на подостапни автомобили, а а таа цел во модификациската понуда на секој еден од актуелните модели на брендот ќе бидат доставени нови основни предлози.

Во текот на оваа година ќе може да се види премиерата на неколку исклучително важни модели за Skoda, вклучувајќи ја и целосно новата генерација на Fabia, купе верзијата на Enyaq iV и обновените СУВ понуди Kodiaq и Karoq. Само пред неколку дена станавме сведоци на дебито на уникатниот за кинескиот пазар Octavia Pro и за индискиот Kushaq.

Интересен акцент во најавата на Skoda Auto е и тој дека Fabia Combi ќе добие наследник.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK