Mazda во проблеми иако има зголемената продажба

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Mazda е на маки, а истите се предизвикани од одличната побарувачка и продажба на SUV возилата и пред се поради емисијата на издувни гасови што ги испуштаат тие возила.

Одличната продажба на моделите CX-3 и CX-5 може да доведе да на адреса на Mazda пристигне милионска казна поради нивото на емисија.

Новата регулатива предвидува да на ниво на продадени автомобили во просек емисијата на издувни гасови не надмине 131 г/км што доколку продолжи продажбата со овој тренд Mazda значително ќе го надмине. Поради тоа Европската Унија може да издаде казна во висина од околу 75 милиони евра.

Регулативата може дополнително да им направи проблеми на раководните лица на Mazda ако се знае фактот дека од 2021 година границата за просечната количина на издувни гасови се намалува на 98 г/км.

Како можен излез од овој проблем е реализацијата на потенцијалното партнерство со Toyota и воведува на хибридната технологија на овој производител.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK