Ford Explorer кон крајот на годинава доаѓа и во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Откако во јануари годинава беше претставена новата генерација од големиот фордов SUV, моделот Explorer, американскиот производител сега објавува дека истиот ќе биде достапен и во Европа.

Според планот, овој модел во првите европски салони на Ford треба да се појави во декември годинава, а до крајот на првиот квартал следната година тој треба да биде достапен на купувачите од сите европски земји.

Што се однесува до самиот модел, тој се базира на CD6 платформата, истата онаа на која се базира и новиот Lincoln Aviator. Достапен во САД, а со тоа и во Европа ќе биде и на погон на четирите тркала во комбинација со автоматски менувач. Под хаубата доаѓа со неколку видови мотори почнувајќи од 2.3 литарски, па се до 3.3 литарски V6 бензински мотор. Тука е и хибридната верзија која исто така ќе биде лансираната следната година.

Овој модел американскиот производител за прв пат во својата понуда го воведе во 1990 година. Од тогаш па се до денес беа лансирани пет генерации, а во сите овие години овој автомобил беше продаден во 7.216.214 примероци во САД што го прави еден од најпродаваните SUV возила на Ford во изминатите децении.