Mеrсеdеs запира со производство на кабриолети

ОБЈАВЕНО НА:

Главниот извршен директор на Mеrсеdеs, Маркус Шефр вели дека компанијата се откажува од кабриолети бидејќи во моментов е многу тешко да се создаде убав и елегантен електричен кабрилет. Единствениот спас за „преживувањето“ на кабриолетите би бил под брендот АMG.

Статистиката покажува дека големиот кинески пазар не ги прифаќа кабриолетите, а нивниот сегмент е искличително мал. Последните европски денови исто така не се охрабрувачки, за разлика од резултатите прикажани пред неколку години.

И покрај тоа компанијата е на чисто колку отворените автомобили се емотивни и привлечни производи за одредена публика така што во иднина може да се појави нов роудстер.

Ако се земе предвид целосната електрификација кон која се стреми Mеrсеdеs, овој тип на каросерија се разгледува главно за спортскиот подбренд АMG. Ова решение е целосно оправдано, со оглед на тоа што е точно одговорно за таканаречените „емотивни“ модели.

Во исто време Mеrсеdеs-Bеnz планира да се откаже од неколку класични стилови на каросерија одеднаш, а во тој дел се и кабриолетите. Тоа се должи на зголемената побарувачка на кросовери и електромобили што го прават потешко создавањето на елегантни возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK